19 - 22 октомври 2023

en mk
22 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

ZLATKO KAUČIČ/BARRY GUY/AGUSTÍ FERNÁNDEZ

Купи билет

ZLATKO KAUČIČ тапани

BARRY GUY контрабас

AGUSTÍ FERNÁNDEZ пијано

Словенечката џез-икона Златко Каучич годинава го прослави својот 70-ти роденден. Тој е плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Неговото дело ги пробива бариерите на конвенционалните мисловни процеси. Каучич покажува колку го усовршил својот занает и продолжува да го контемплира светот околу себе од еден надреален агол. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат и на невообичаено разноличните искуства и страста за експериментирање, поткрепени со посветеност на контрабасот и идеалот за музичка комуникација. Тој е основач и уметнички директор на London Jazz Composers Orchestra и на BGNO (Barry Guy New Orchestra). Агусти Фернандез, со совршено изградена кариера и широка и заслужена меѓународна репутација, е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Фернандез има работено со татковците на слободната импров сцена: Петер Ковалд, Дерек Бејли, Еван Паркер, Бери Гај, а соработува и со музичари како Златко Каучич, Матс Густафсон, Џо Морис и Питер Еванс. Каучич, Гај и Фернандез се три нови музички икони, мајстори на импровизацијата и рафинираната композиција кои остварија силна музичка врска уште пред да се сретнат.