Александар Хокинс е британски композитор, пијанист и органист, чиј музички свет е обликуван од фасцинацијата на композиција, но и од длабоката љубов кон слободната импровизација.Неговиот музички јазик се протега од раниот џез и бибоп, преку слободната импровизација, до современата композиција и електронскиот звук. Како значаен соработник, во неговата работа се среќаваат важни имиња како Вадада Лео Смит, Хамид Дрејк, Вилијам Паркер и многу други. Софија Јернберг е шведска вокалистка, родена во Етиопија, композиторка, која има стекнато значајно признание на скандинавската и меѓународната експериментална сцена. Таа работи со невербална вокализација, проширени вокални техники и го истражува гласот како инструмент. Соработувала со значајни авангардни ансамбли како Fire! Orchestra и се движи помеѓу современата класична музика, експериментална музика, слободниот џез и импровизација. Нивниот заеднички проект “Musho” започнува со настап во живо во 2016 година, што подоцна резултира со албум објавен за престижната германска издавачка куќа Intakt Records во 2024 година. Двајцата музичари откриваат заедничка музичка територија во етиопската музика, користејќи традиционални песни од Етиопија, Ерменија, Шведска и други места како материјал што го трансформираат, растегнуваат и повторно го осмислуваат