19 - 22 октомври 2023

en mk
20 октомври МКЦ, 24:00 МКЦ, 24:00

COBALT CODE UNIT

слободен влез

BLAGOJCHE TOMEVSKI кларинет

STEFAN MILADINOV гитара

SIMEON ANGELOVSKI бас гитара, синтисајзер, хармоника

DRAGAN TEODOSIEV тапани

Cobalt Code Unit е фракција од четири млади музички аскети кои неуморно талкаат низ обемните пространства на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж, прикажани низ призмата на авангардниот израз. Своите искуства засега ги имаат испишано на два долгосвиречки албуми: Rural (2020) и Soilwork (2021), како и на еден видео албум (The Yadro Concert). Нивните настапи наликуваат на долги импровизирани крајпатни патувања, полни со ненадејни угорнини, удолнини и свиоци, придружени со брзински дивеења низ калливата почва на планинските патишта, зачинети со мирно крстарење низ питомите висорамнински предели, нудејќи искуство со надреални пејзажи, медитативна меланхолија и спокој.