19 - 22 октомври 2023

en mk
22 октомври МКЦ, 24:00 МКЦ, 24:00

BIXIGA 70

Купи билет

CUCA FERREIRA баритон саксофон

DANIEL NOGUEIRA тенор саксофон

DANIEL GRALHA труба

PEDRO MOREIRA тромбон

CRISTIANO SCABELLO гитара

PEDRO REGADA клавијатура

MARCELO DWORECKI бас

SIMONE SOU тапани

VALENTINA FACURY перкусии

Со неколку извонредни албуми и обемна концертна активност зад себе, Bixiga 70 прераснаа во еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес. Формирано во Сао Паоло, ова хипнотичко бразилско инструментално комбо го носи името на нивната домашна база - космополитскиот и извонредно жив кварт Bixiga, каде што е сместено нивното студио, на раздвижената главна улица “Rua 13 de Maio”, број 70. Музиката на Bixiga 70 е волшебна фузија од различни бразилски ритми и влијанија. Црпејќи инспирација од неверојатната шареноликост на бразилскиот ритам, нивниот звук опфаќа еклектичен микс на стилови присутни во богатото музичко наследство на земјата. Од заразниот бит на самбата и фанк грувот, преку пулсирачката енергија на разиграното forró, па сè до комплексните мелодии на традиционалното choro, Bixiga 70 умешно ги вткајува овие елементи во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. Од самите почетоци, бендот функционира како вистински колектив, како во поглед на заедничкото авторство на песните, така и кога е во прашање менаџирањето на студиото. Нивниот тимски дух се рефлектира и на сцената, од цврсто стегнатата ритам секција одзади до силната дувачка секција напред. Оваа есен, Bixiga 70 се враќаат со својот екстатичен петти албум „Vapor“, прв во последниве четири години. Повеќе од повратник, „Vapor“ претставува преродба за Bixiga 70, со елан и вкус на добра забава; десет луѓе кои се среќни што свират заедно и ослободуваат енергија во нивната музика.