14 - 17 октомври 2020

en mk
15 октомври Национална опера и балет, 21:30 НОБ, 21:30

TONI KITANOVSKI LITTLE BIG ORCHESTRA

Купи билет

TONI KITANOVSKI композитор, диригент, гитари, перкусии

KIRIL KUZMANOV алт саксофон, флејта

PETAR HRISTOV тенор саксофон, ќемане

NINOSLAV DIMOV баритон саксофон

TRAJCE VELKOV труба, алт туба

TEHEMANA SKENDEROVSKA труба, вокал

ALEKSANDAR NINIC туба

KIRIL TUFEKCIEVSKI контрабас

VIKTOR FILIPOVSKI тапани, перкусии


Гости:

ASAN RASID труба

NATALIA MANN харфа

Музиката на композиторот и гитарист Тони Китановски е толку шаренолика, колку што е светот околу него. Неговиот интерес и истражувањата повеќе се насочени кон заедничкото за различните видови музика на човештвото, отколку кон она што ги раздвојува различните музички култури. Тој се материјализира во неговата способност беспрекорно да ги вкрстува звуците на антиката со современите тенденции, со музиката на Југот, Истокот и Западот, со балканскиот звук на дувачките оркестри и со Дјук Елингтон. Претходните инкарнаци на овој оркестар ги вклучуваа, како гости, меѓу другите, покојниот Чарли Маријано присутен во повеќето проекти на великанот Чарли Мингус, трубачот Грег Хопкинс, саксофонистот Дејв Вилсон, ди-џеј Димитри од Чаир и една огромна листа на соработници, внимателно одбрани поради нивната способност да си го кажат своето на еден уникатен музички начин. Најуспешниот и најпрепознатлив оркестрален ентитет под негово водство е „Тони Китановски и Черкези Оркестар“. Долгогодишната соработка со овој ромски дувачки оркестар одекнува и во неговото творештво на филмска музика, во музиката компонирана за современ танц, соработките со гитаристот Ерик Малу Малу од Конго, босанскиот поет Ахмед Буриќ, а ќе биде неизбежен дел и од сложената звучна понуда на неговиот концерт на годинешниов Скопски џез фестивал, со гостинот Асан Рашид со кој Китановски има намера да ја круниса оваа приказна.