13 - 16 октомври 2022

en mk
16 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

THUMBSCREW

Купи билет

MARY HALVORSON гитара

MICHAEL FORMANEK контрабас

TOMAS FUJIWARA тапани

Гордоста на бруклинската авангардна џез-сцена, ѕвезденото трио Thumbscrew е составено од долгогодишните соработници: гитаристката Мери Халворсон, басистот Мајкл Форманек и тапанарот Тома Фуџивара, во кое сите тројца придонесуваат подеднакво, како во однос на композицијата, така и во импровизацијата. Oвој американски бенд беше формиран сосема случајно, но откако открија дека нивната музичка хемија е толку уникатна, ја продолжија соработката. Набргу, стекнаа огромна почит од публиката којашто умееше да ја препознае нивната неверојатна способност за учество во речиси телепатска интеракција. Кога зборуваме за ова трио, коешто денес одбележува десет години творештво, се наоѓаме на специфична џез-територија што бара малку поголемо внимание од вообичаеното. Музиката е отворена, жива, духовита и не помалку амбициозна. Сепак, дури и во нивните најтешки и најкомплицирани дисакорди, тие нудат доволно информации за да ви дадат до знаење дека знаат точно што прават - впрочем, дури и авангардните бендови не издржуваат заедно една деценија без некоја сериозна синергија. На 41. Скопски џез фестивал, публиката ќе има прилика да го вкуси звукот на нивното ново возбудливо остварување „Multicolored Midnight“ (Cuneiform Records), седмиот албум на групата. Затоа, седнете, врзете го појасот, држете се цврсто со палците и дозволете Thumbscrew да ви го покажат патот кон нивниот уникатен музички универзум.