Во своето славно деби како режисер, Амир „Квестлав“ Томпсон прикажува еден моќен и возбудлив документарец - дел музички филм, дел историски запис - посветен на еден епски настан што ја прослави афроамериканската историја, култура и мода. Во текот на шест недели во летото 1969 година, на само сто милји јужно од Вудсток, беше одржан и снимен The Harlem Cultural Festival во паркот „Маунт Морис“ (сега парк „Маркус Гарви“). Снимката беше одамна заборавена - сè до сега. Summer of Soul ја истакнува улогата и важноста на историјата за нашата духовна благосостојба и претставува цврст доказ за исцелителната моќ на музиката во време на немири, како во минатото, така и денес. Документирани се концертни изведби на Стиви Вондер, Нина Симон, Sly & the Family Stone, Gladys Knight & the Pips, Махалија Џексон, Би Би Кинг, The 5th Dimension и многу други. Филмот освои голем број награди, меѓу кои и Оскар за најдобар документарен филм и Греми за најдобар музички филм.