41. Скопски џез фестивал
13 - 16 октомври 2022

en mk
23 октомври Национална опера и балет, 20:00 Национална опера и балет, 20:00

SHAKE STEW

Купи билет

LUKAS KRANZELBINDER контрабас, гуембри, лидер

ASTRID WIESINGER алт-саксофон

FABIAN RUCKER тенор-саксофон, флејта

RICHARD KOCH труба

BEATE WIESINGER контрабас

NIKOLAUS DOLP тапани, перкусии

HERBERT PIRKER тапани, перкусии

Австрискиот бенд Shake Stew е своевиден феномен. Експлодираа на сцената, речиси од никаде, со премиерниот настап на џез-фестивалот Saalfelden во 2016, а веднаш потоа и со нивното албумско деби “The Golden Fang”. Оттогаш, нивниот извонредно енергичен микс од хипнотички афробит и џез грув им донесе огромен успех не само на домашен терен, туку и низ цела Европа. Предводени од ѕвездата во подем - басистот Лукас Кранцелбиндер, тие со молскавична брзина станаа еден од најжешките лајв бендови наоколу, а одличниот прием на вториот албум „Rise And Rise Again “ (со Шабака Хачингс) им обезбеди поширок пласман на нивниот уникатен звук, овозможувајќи им голема турнеја низ Канада, Мексико, Мароко и извонредни настапи на престижните фестивали како Montreal, Rochester и North Sea Jazz Festival. Невообичаената формација на Shake Stew од 2 тапанари, 2 басисти и 3 дувачи е еден од клучните фактори што го прават овој седумчлен бенд посебен. Оваа, на прв поглед, малку чудна инструментација, е меѓу себе природно, органски поврзана, создавајќи го препознатливиот супер-енергичен звук на Shake Stew, врз кој ја изградија својата репутација. Иако се кратко на сцената, тие имаат веќе 3 студиски албуми зад себе, а во моментов се актуелни со (A)live! - нивниот прв албум во живо: високооктанска мешавина од жесток џез и трансоидни грув инјекции комбинирани со мистериозни звучни пејзажи и спиритуални фри-џез ерупции. Со неодамна освоената награда на German Jazz Award во категоријата „интернационален бенд на годината“, Shake Stew се спремни да го освојат и Скопје.