14 - 17 октомври 2020

en mk
16 октомври Ексклузивен стриминг виа Осло, 23:00 Ексклузивен стриминг виа Осло, 23:00

TRYGVE SEIM LARGE ENSEMBLE

TRYGVE SEIM тенор и сопран саксофон, композитор

TORBEN SNEKKESTAD бас саксофон

MARTIN BENGT ANDERSON кларинети

EMBRIK SNERTE фагот и контрафагот

OSCAR ANDREAS HAUG труба

ØYVIND BRÆKKE тромбон

LARS ANDREAS HAUG туба

SVANTE HENRYSON виолончело

FRODE HALTLI хармоника

PER ODDVAR JOHANSEN тапани

Еден концерт од норвешката програмата минатата година беше музичкиот врв во Бремен, на Jazzahead, најголемиот музички Саем на џезот во Европа. Десетчлениот Large Ensemble на Тригве Сеим. Роден во Осло, Норвешка во 1971, Тригве Сеим е едуциран џез музичар (на престижниот Музички Конзерваториум во Трондхајм), со саксофонот како главен инструмент. Од 1992 година работи како музичар, композитор и аранжер. Во досегашната своја кариера има објавено 22 изданија дискови под закрила на престижната издавачка куќа ECM Records, од кои на осум се појавува како композитор, лидер на бенд или пак, ја дели улогата на водач на состав. Тригве зад себе има бројни светски турнеи не самo со сопствените проекти или со составот The Source, туку и како член на групите на: Ману Каче, Џејкоб Јанг, Синика Лангеланд и многу други. Покрај Large Ensemble, неговите сегашни проекти се Helsinki Songs Quartet, Rumi Songs и дуетите со Фроде Халтли и Андреас Утнем. За неговите композиции се вели дека се „неверојатни поради својата логика, јасност и развиток“. И со вчудоневидувачко разбирање на идиомот на еден голем ансамбл, природен, органски тек на музиката и совршено вклопување на индивидуалните изрази на музичарите во целината на музичка слика.

Интересно е тоа што неговиот дебитантскиот албум Different Rivers бил крунисан со највисоката награда од германските музички критичари во 2001 - Jahrespreis – Presi der Deuchten Schallplattenkritik, а за неговите композиции се вели дека се „неверојатни поради својата логика, јасност и развиток“. Во моментов Тригве Сеим е на турнеја, а компонира и за своите ансамбли како Trygve Seim Ensemble (7 дувачки инструменти, хармоника, чело и тапани), Trygve Seim Rumi Songs и Trygve Seim Quartet (Helsinki Songs), а тука се и дуетите со Фроде Халтли и Андреа Утнем.