14 - 17 октомври 2020

en mk
17 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

SASO POPOVSKI TRIO

Купи билет

SASO POPOVSKI гитара

IVAN BEJKOV контрабас

VIKTOR FILIPOVSKI тапани, перкусии

Сашо Поповски е македонски џез-гитарист и композитор кој во својата досегашна кариера има настапувано на повеќе џез-фестивали во Европа, како Рочела во Италија, Перто во Санкт Петербург во Русија, Нишвил во Србија, Петровац во Црна Гора, во реномираниот Budapest Jazz Club во Унгарија и други. Соработувал со повеќемина реномирани џез-уметници, меѓу кои: Тони Китановски, Оскар Салас, Милчо Левиев, Дејв Вилсон и Гоце Мицанов. Тој е актуелен раководител на Џез одделот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во досегашната своја кариера Поповски снимил пет албуми со различни македонски музичари, автор е на многу соло композиции и на музика за филм и театар. Неговиот актуелен трио проект ги вклучува искусниот Иван Бејков на контрабас и младиот Виктор Филиповски на тапани, со кои Поповски го сними материјалот за албумот „Fallen Land“ зад кој со својата репутација како издавач застана SJF Records. Музиката на Сашо Поповски има чисти линии, сложени структури и развиена фантазија. Ритмички и мелодиски, таа потсетува на ориентални обрасци, што ја прави малку мистична. Тој ги креира своите композиции околу јасни и привлечни мелодиски линии. „Fallen Land“ е албум во кој можеме да го најдеме најдоброто од современата џез музика на Балканот.