14 - 17 октомври 2020

en mk
16 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

RADIAN

Купи билет

MARTIN BRANDLMAYR тапани, електроника

JOHN NORMAN бас

MARTIN SIEWERT гитари, електроника

Виена е денес ширум отворен креативен дом за голем број нови музички композитори и иноватори. Членовите на Radian се, без сомнение, столбови на оваа заедница. Во раните 2000-ти беа под влијание и ја обликуваа извонредно моќната и витална електронска сцена во градот. Нивната музика се опишува како поле на тензичност меѓу екстремните динамики, слободните импровизации и прецизните конструкции, како иманентен контраст меѓу меките и острите ноти. Мартин Сиверт кој е во Radian од 2011, е гитарист со широк опсег на интереси. Членувал во бендови како Trapist, триото Fake the Facts (со Матс Густафсон и dieb 13) и квартетот The Peeled Eye. Тој во последно време се вклучува и во нови музички контексти, свирејќи покрај музичари како Ули Фусенегер (Камерниот оркестар Klangforum од Виена), Ернесто Молинари и пијанистката Катарина Клемент, меѓу другите. Мартин Бранделмајер (тапани/електроника) твори во сферата помеѓу импровизираната музика и композицијата. Има настапувано и снимано со Отомо Јошихиде, Џон Тилбури, Кристијан Фенез, Дејвид Силвијан и многу други. Од неодамна се фокусира на компонирањето и пишувањето музика за разни ансамбли. Џон Норман (бас) израснал во Гетеборг, Шведска, а живеел во Северна Италија, Глазгов (Шкотска) и Инсбрук (Австрија), пред да се пресели во Виена кон средината на деведесеттите. Претходно свирел бас во метал, панк и инди-рок бендови.