14 - 17 октомври 2020

en mk
15 октомври Ексклузивен стриминг виа Њујорк, 23:00 Ексклузивен стриминг виа Њујорк, 23:00

WILLIAM PARKER TRIO

WILLIAM PARKER TRIO контрабас

AVA MENDOZA гитара

GERALD CLEAVER тапани

Басист, импровизатор, композитор, писател и едукатор. Овие зборови го опишуваат њујоршкиот музичар Вилијам Паркер, за кој Village Voice напиша дека е „најбрилијантниот фри-џез басист на сите времиња“. Покрај 150-те снимени албуми, тој има објавено шест книги и бил учител и ментор на стотици млади музичари и артисти. Неговото сегашно трио вклучува двајца извонредни музичари од различни генерации. Ава Мендоза е гитаристка, пејачка, текстописец и композитор од Бруклин. Родена во 1983, почнала да настапува со авторска музика, но и во многу различни соработки и проекти. Како гитаристка, Мендоза добива признанија за нејзината техника и спонтаноста во приодот кон инструментот. Во улога на водач на бенд, нејзиниот најдолготраен проект е експерименталниот состав Unnatural Ways, но често настапува и како соло изведувач. Во било кој контекст, таа воведува посветена експресивност, енергија и широк звучен опсег на музиката. Роден и израснат во Детроит, Мичиген, Џералд Кливер е изданок на една богата семејна музичка традиција. Инспириран и поддржуван од својот татко Џон, почнал да свири тапани на многу мала возраст. За време на тинејџерските години, се здобил со свиречко искуство покрај Али Мухамед Џексон и Ламонт Хамилтон, а потоа и со Маркус Белгрејв, Доналд Волден, Родни Витакер. Има настапувано и снимано со Џо Морис, Мат Маниери, Роско Мичел, Мирослав Витоуш, Мајкл Форманек, Томаж Станко, Крег Тејборн и многу други.