13 - 16 октомври 2022

en mk
15 октомври МКЦ, 24:00 МКЦ, 24:00

NEW FUTURE CITY RADIO (Damon Locks / Rob Mazurek feat. Mauricio Takara)

Купи билет

DAMON LOCKS глас, електроника, семплер

ROB MAZUREK труба, глас, ѕвончиња, семплер

специјален гостин:

MAURICIO TAKARA перкусии, електроника

New Future City Radio е проект на Роб Мазурек и Дејмон Локс. Во ова ново дуо, двајцата размислуваат за заедницата, трансформацијата и иднината, низ призмата на една имагинарна пиратска радио станица за народот. Темите, од звучен и текстуален аспект, беа однапред детерминирани, но импровизацијата ја води приказната. Роб Мазурек е познат по широкиот спектар негови сопствени ансамбли, како и по соработките. Во New Future City Radio, тој е во партнерство со Дејмон Локс, член на неговиот Exploding Star Orchestra, кој е познат не само како глас во овој извонреден оркестар, туку и како водач на Black Monument Ensemble (и двете групи издаваат за култната чикашка етикета „International Anthem“). Дуото подеднакво одговара за електронските делници, но секој посебно го презема водството кога е потребно, со своите специјалитети: Роб со трубата и Дејмон со гласот. Нивната музика во еден миг може да зазвучи отворено бомбастична, а во следниот нежно емотивна, а најчесто е некаде во средината. На прашањето за музиката на New Future City Radio, тандемот во еден глас извикува: „Зборуваме за пост, пост, пост, иднина. Зборуваме за издржливост и левитација. Зборуваме за убавината и структурниот интегритет на нашиот народ. Зборуваме за светлосните зраци кои раскажуваат приказни и едуцираат. Ајде да зборуваме за тоа ако сакате да разговараме за новата иднина!“ Во Скопје, како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground...).