Одбележувајќи 20 години храбро музичко истражување, São Paulo Underground продолжува да ги редефинира можностите на електро-aкустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција. Формиран во Сао Паоло во 2005 година од Роб Мазурек и Маурисио Такара, ансамблот дебитира подоцна истата година во Шпанија, а својата прва снимка ја објавува на бразилската издавачка куќа Submarine Records, означувајќи го почетокот на едно од најпрепознатливите креативни партнерства во современата музика.Со приклучувањето на Гилерме Гранадо, групата прераснува во уникатно трио чија музика ги обединува бразилските ритмички традиции, електронското експериментирање, импровизацијата и имензивните вучни светови во колективен музички јазик што постојано се развива. Во текот на изминатите две децении, São Paulo Underground настапувал на големи фестивали низ Европа, Америка и Азија, истовремено градејќи високо ценета дискографија која го етаблира ансамблот како еден од клучните гласови на современата креативна музика. Меѓу поновите проекти се и нарачаните аудиовизуелни дела за Jazzfest Berlin, со кои групата ја проширува својата уметничка практика надвор од концертната сцена, навлегувајќи во областа на подвижната слика и интердисциплинарниот перформанс. Влегувајќи во својата трета декада, São Paulo Underground и понатаму остануваат посветени на истражувањето и откривањето. Секој настап на ова трио е уникатен настан – патување низ непознати звучни предели.