En

Skopje Jazz Festival 15 - 18 октомври 2026

15 октомври НОБ, 24:00

PASQUALE MIRRA AND HAMID DRAKE Lhasa (IT, US)

Купи билет
  • вибрафон, перкусии
  • тапани, деф, перкусии, вокал
Пасквале Мира се смета за еден од највпечатливите и најактивните вибрафонисти на современата национална и меѓународна музичка сцена. Тој соработувал со бендот Mop Mop, и од 2015 година е дел од ансамблот C’mon Tigre. Со околу 30 изданија зад себе, тој е длабоко вкоренет во импровизираната музика, експерименталниот џез и интеркултурната перкусионистичка музика. Хамид Дрејк се етаблираше како една од водечките фигури во импровизираната музика. Како дел од чикашката креативна музичка сцена уште од 1970-тите години и со богата дискографија зад себе, тој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез. Дуото Мира-Дрејк постои од 2008 година, градејќи музички однос заснован на перкусија и импровизација, но никогаш претходно немале издадено албум. Во февруари минатата година, конечно го снимија својот прв студиски албум, „Lhasa“, кој ги обединува нивните авторски композиции со музика од Дон Шери и Сан Ра. „Lhasa“ е документација на еден долгогодишен музички однос. Нивните настапи во живо се целосно перкусионистички, но истовремено изненадувачки и непредвидливо мелодични, во суштина создавајќи разговор помеѓу два различни типа перкусија.