En

Skopje Jazz Festival 15 - 18 октомври 2026

17 октомври НОБ, 20:00

ANDREA MIRČESKA QUINTET Lullaby for Lunatics (MK)

Купи билет
  • бас, вокал
  • тенор и сопрано саксофон
  • бас кларинет
  • гитара
  • тапани
Андреа Мирческа е контрабасистка родена во 1998 година и активна изведувачка на современата и импровизаторската сцена во Македонија. Нејзината работа опфаќа состави како Taxi Consilium, Дина Јашари, Пијан Славеј, Зарина Првасевда и многу други, како и активно учество во развојот на македонската алтернативна сцена. Во 2019 година, Мирческа ја добива наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез музичар. Се појавува на околу десет изданија, објавени преку издавачки куќи како SJFRecords, PMGJazz и Aksioma. “Lullaby for Lunatics” е нејзин прв проект кој ги поврзува композицијата и импровизацијата, обединувајќи различни звучни светови. Репертоарот главно се состои од авторски композиции, надополнети со преработки на дела кои оставиле длабока трага врз нејзиниот музички вкус, меѓу кои „Lonely Woman“ од Ornette Coleman и „Freedom“ од Charles Mingus. Композициите се развиваат преку контрабас, пијано и вокал, додека останатиот дел од составот го преобликува материјалот преку сопствените инструменти, при што импровизацијата, слушањето и довербата стануваат важен дел од процесот.