19 – 22 октомври 2017

en mk
20 октомври Македонска опера и балет, 20:00

MARIO ROM'S INTERZONE

Купи билет

MARIO ROM труба

LUKAS KRANZELBINDER бас

HERBERT PIRKER тапани

Оние што се обидуваат да ги опишат Mario Rom’s Interzone постојано бараат суперлативи. По концертот на прочуениот Rochester Jazz Festival во Њујорк, главните критичари на фестивалот ги нарекоа – едни од најзабавните и највозбудливите изведувачи на фестивалот. Ваквата реакција на американскиот печат е сѐ освен очекувана за австриски бенд со просечна возраст под 30 години, но триото што го сочинуваат Марио Ром, Лукас Кранцелбиндер и Херберт Пиркер за многу кратко време доби големо внимание ширум светот. Групата со својата невообичаена инструментација (труба, бас и тапани) се покажа способна виртуозноста и хуморот да ги преточи во една забавна целина, оставајќи впечаток дека се четири, пет или повеќе музичари. Едно е јасно: Interzone свират џез. Сепак, нивно гесло е „сѐ е дозволено“. Медиумите ги опишуваат Interzone како „апсолутно откритие“ со „изненадувачки, ненадминлив темперамент“. Нивната виталност ја остава публиката жедна за бисови до исцрпување на репертоарот. Во 2017 година тие го објавија својот трет албум „Truth Is Simple To Consume“ којшто го донесе нивното импресивно музичко патување на уште повисоко ниво.