14 - 17 октомври 2020

en mk
17 октомври Ексклузивен стриминг виа Њујорк, 23:00 Ексклузивен стриминг виа Њујорк, 23:00

KRIS DAVIS / INGRID LAUBROCK

KRIS DAVIS пијано

INGRID LAUBROCK саксофон

Како и мнозина други музичари стационирани во Њујорк, саксофонистката Ингрид Лауброк и пијанистката Kрис Дејвис се емигранти во градот. Дејвис се преселила од Канада во 2001 година, а Лауброк е родена и израсната во Германија. Потоа скоро една деценија живеела во Велика Британија, за конечно да пристигне во САД во 2009 година. Обете во еден период свиреле во неколку бендови и проекти и биле вклучени во различните формации на значајни џез музичари како Ентони Брекстон, Мери Халворсон или Роб Мазурек и Ник Фрејзер. Паралелно Ингрид и Крис биле присутни на нивните поединечни проекти, за да во еден период Лауброк оствари несекојдневна соработка со Том Рејни, а Дејвис потпише проект со осум различни дуо изведби со Тим Берн, Крег Тejборн и Анџелика Санчез. „Blood Moon“, нивниот прв албум како дует, на површина ја вади прецизната усогласеност на нивните поединечни движења. Секоја од деветте нумери на тој албум е оригинален и волшебен свет за себе. „Во текот на годините едноставно развивме еден јазик што е наш, личен. Најголемиот дел од музиката ја напишавме специјално за оваа плоча. Но, верувајте, немавме преамбициозни планови“, знае да каже Ингрид Лауброк. „Не познавам многу луѓе, музичари, уметници со кои би можела да го правам ова, освен Крис. Музички, ние сме сродни души“.