13 - 16 октомври 2022

en mk
16 октомври Национална опера и балет, 22:00 НОБ, 22:00

INGEBRIGT HÅKER FLATEN (EXIT) KNARR

Купи билет

INGEBRIGT HÅKER FLATEN акустичен и електричен бас, композитор

METTE RASMUSSEN алт саксофон

ATLE NYMO тенор саксофон, Bb кларинет, бас кларинет

ERIK KIMESTAD PEDERSEN труба

JONATHAN F. HORNE електрична гитара

JOAKIM RAINER PETERSEN пијано, клавијатури

OLAF OLSEN тапани, перкусии

Ингебригт Хакер Флатен се наметна како еден од најзначајните (контра)басисти на светската џез и импровизирана сцена денес. Неговото музицирање во сопствените проекти, како и со The Thing, Atomic, Free Fall, Scorch и во дуо со Џо Мекфи, Еван Паркер и Хакон Корнстад, го сместија во центарот на широката лепеза импровизатори со впечатливо различни режими на работа. „Knarr“ е тип на брод изграден во Скандинавија околу 1000-та година, којшто се користел за пловидба по светот, исто како што Ингебригт Хакер Флатен патува низ светот воден од неговите музички авантури. (Exit) Knarr е посвета на различните места што ги посетил, а секоја песна го доловува духот на градовите како Остин, Чикаго, Трондхајм, Амстердам... Музиката е резултат на богатите искуства на басистот во различни жанрови и традиции изградени во текот на долгата кариера, длабоко вкоренети во џезот и авангардата, како и во музиката на светот и психоделичниот рок. (Exit) Knarr беа оформени откако пандемијата го принуди Хакер Флатен да се врати во својата татковина. Понудата од Vossa Jazzfestival го инспирираше да собере група извонредни скандинавски музичари со кои одамна сакаше да работи. Музиката на бендот беше првпат изведена на овој фестивал во септември 2021 година, што коинцидираше со објавувањето на албумот за ODIN Records, а сега конечно можеме да ја уживаме и на 41. Скопски џез фестивал.