17 – 20 октомври 2019

en mk
20 октомври Македонска опера и балет, 22:00 МОБ, 20:00

JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET

Купи билет

JAMES BRANDON LEWIS тенор саксофон

JAIMIE BRANCH труба

AVA MENDOZA гитара

LUKE STEWART електричен бас

WARREN “TRAE” CRUDUP III тапани

Џејмс Брендон Луис, роден 1983 година во Бафало, Њујорк, е саксофонист, композитор, студиски музичар и едукатор кој е на добар глас кај критиката. Ги комбинира госпел и блуз традициите со искуствата на фри-џезот, експериментирајќи со најдлабоките тонови на својот инструмент. Сето ова го сместува во друштвото на големите. Бележи заеднички настапи и снима со врвни музичари како Вилијам Паркер, Хамиет Блует, Хамид Дрејк, Рави Колтрејн, Џими Хит, Џамаладин Такума, Џо Ловано, Дејв Даглас, Марк Рибо и Крег Харис. Лидер е на бројни ансамбли и еден е од основачите на американскиот поетско-музички состав Heroes Are Gang Leaders, добитник на наградата “American Book Award” во 2018 година. Поседува диплома од универзитетот Хауард и титула магистер на ликовна уметност од Институтот за уметност во Калифорнија. Џејмс Брендон Луис, миленикот на Сони Ролинс, има извонреден звук кој се карактеризира со жестокост, но во исто време поседува и една лирска, сонувачка нишка. Овие квалитети се особено успешно нагласени и вградени во албумите “Divine Travels” (2014), “Days Of FreeMan” (2015) и “No Filter” (2016). На својот последен проект “An Unruly Manifesto” (2019), Џејмс Брендон Луис и неговиот Unruly Quintet го истражуваат поимот слобода. Овој албум, посветен на Чарли Хејден, Орнет Колман и надреализмот, Луис го опишува како повик за акција. „Секој ден е шанса да ја откриеш твојата највистинската верзија, за потоа постојано да ја одржуваш, полниш и стимулираш.”