13 - 16 октомври 2022

en mk
14 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

HAMID DRAKE’S TURIYA: HONORING ALICE COLTRANE

Купи билет

NDOHO ANGE танц, поезија

SUSANA SANTOS SILVA труба

JAN BANG електроника

JAMIE SAFT пијано, клавијатури, Fender Rhodes

PASQUALE MIRRA вибрафон, перкусии

JOSHUA ABRAMS контрабас, синтир

HAMID DRAKE тапани, перкусии, вокал

Некои омажи се поголеми од другите. Особено кога една легенда ѝ оддава почит на друга, како во случајот со Хамид Дрејк и иконата Алис Колтрејн. Афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн беше жена со извонредна способност и капацитет да иницира воздигнување, обновување и регенерација кај сите оние што имале прилика да ја сретнат и да ја слушнат нејзината музика. Таква среќа имал и Хамид Дрејк. Ја запознал млад, на 16 годишна возраст, средба што предизвикала заемна писмена кореспонденција и суштински го инспирирала неговото уметничко творештво. Звукот на Алис Колтрејн е звукот на спиритуалниот џез. Таа беше духовен гуру на многу музичари, постари и помлади од неа. Можеше многу лесно да заврши во сенката на нејзиниот сопруг, великанот Џон Колтрејн, но таа поседуваше уметничка и духовна визија што придонесе нејзината музика, лик и дело да блеснат уште посилно. Се покажа дека нејзината музика изврши огромно влијание во светот на џезот, но и пошироко. Што остана од нејзината повеќеслојна, брилијантна траекторија? Хамид Дрејк си зададе задача да одговори на ова прашање, потпирајќи се исклучиво на своите тапани и сеќавањата на неговата долга преписка со уметницата. Се разбира, и на неговиот исклучителен талент, блескав како и интернационалната екипа врвни музичари што го придружуваат во оваа прекрасна музичка посвета.