14 - 17 октомври 2020

en mk
15 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

MATIJA DEDIC plays Arsen

Купи билет

MATIJA DEDIC пијано

Роден 1973 година во Загреб, Матија Дедиќ е еден од најпознатите хрватски џез музичари од поновата генерација. Со оглед на тоа што израснал во семејство на врвни музичари, пејачката Габи Новак и кантавторот Арсен Дедиќ, од мал бил изложен на различни музички влијанија. Пијано започнал да свири на петгодишна возраст, а по завршувањето на средното музичко училиште, школувањето го продолжил на Џез одделот на Музичката академија во Грац, Австрија. По враќањето во Загреб 1997 година, често настапувал афирмирајќи се како пијанист во земјата и во странство. Свирел со составите на Тамара Обровац и Ладислав Фидриј, како гостин во Zagreb Jazz Portrait, а од основањето бил член на познатиот Boilers Quartet, со кој имал заедничка турнеја со Benny Golson/Kenny Burrell All Stars Band. Паралелно водел свои состави, формирајќи го во 1988 година првото трио, со контрабасистот Жига Голоб и тапанарот Круно Левачиќ. Соработувал и со Бошко Петровиќ, триото Black Coffee, Џани Басо, Томи Емануел... Освен за своите состави, компонира музика и за филм и театар. Добитник е на Наградата на Хрватскиот сојуз на композитори за најдобар џез автор, повеќекратен освојувач на признанието „Статус“ за најдобар џез пијанист. Негов последен албум е „Influences“, објавен 2019 година, а на Скопскиот џез фестивал доаѓа со албумот „Матија го свири Арсен“, за кој во 2016 година доби дури шест награди „Порин“.