19 – 22 октомври 2017

en mk
19 октомври Македонскa опера и балет, 20:00

DAVID HELBOCK TRIO

Купи билет

DAVID HELBOCK пијано

RAPHAEL PREUSCHL бас укулеле

REINHOLD SCHMÖLZER тапани

Австрискиот пијанист Давид Хелбок припаѓа на генерацијата џез музичари кои функционираат по сопствени индивидуални насоки, поместувајќи ги границите радикално,повторно структуирајќи го нашето разбирање за тоа што е стара, а што нова музика, преуредувајќи ја композицијата и импровизацијата и предизвикувајќи ги вообичаените предрасуди за стилот и сопствениот белег. Не секој пијанист може да се соочи со импресивниот предизвик да тргне на внатрешно патување без музичката трага од тоа патување да звучи несмасно и тешко. Концентрацијата и имагинацијата, точноста и моќта на изразувањето, музичката вредност и чистите технички вештини потребни за успешната изведба, за повеќето се недостижни. Но, Давид Хелбок, добитник на австриската „Награда за исклучителен уметник“, не е обичен пијанист. Тој има флексибилна техника, големо портфолио на нијанси,и е доволно длабок мислител за да изрони од копањето по длабочните на срцето и умот, без притоа да звучи како да се напрега прекумерно, меѓу другото и затоа што поседува саркастична досетливост и субверзивен шарм. Всушност, кога Хелбок се префрла од френетична виртуозност на лирична експанзивност, може да се види вистинската смелост на неговата техника и музикалност. Давид Хелбок свирел на турнеи и работел на различни проекти, во земјите како што се САД, Австралија, Мексико, Индија, Бразил и ширум Европа. Во 2016 година сегашното трио на Хелбок за престижната музичка куќа ACT го објави албумот "Into the Mystic".