19 – 22 октомври 2017

en mk
21 октомври Македонска опера и балет, 20:00

STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS

Купи билет

STEVE COLEMAN алт саксофон

JONATHAN FINLAYSON труба

ANTHONY TIDD бас

SEAN RICKMAN тапани

Американскиот саксофонист Стив Колмен го опишуваат како „неуморен човек кој постојано учи, студира и набљудува“. „Учи од другите, од светот, од природата и го пренесува знаењето, ги споделува откритијата“ со „извонредната виталност што ја создава на музичката сцена“. Неговата музичка иновативност и потрагата по нови форми и идеи се бескрајни. Иницијално инспириран од саксофонистите Чарли Паркер, Сони Ролинс, Џон Колтрејн, Вон Фримен и Банки Грин, Колмен од 1985 година го дополнува џезот со своето уникатно, оригинално свртување. Тој е еден од основачите на таканареченото M-Base движење, во чија рана фаза беа вклучени и Грег Озби и Касандра Вилсон. M-Base Collective беше организација на црнечки музичари која имаше за цел обединување на сите форми на црнечката музика во една целина. Колмен водеше повеќе групи и интензивно снимаше. Во тоа време неговата музика наликуваше на органска синтеза помеѓу пост-бопот и фанкот, иако размислувањата на Стив веќе беа многу пошироки. Тој започна да создава концептуални линкови до сите комплексни системи: нумеролошки, астролошки, митско-религиозни. И покрај комплексноста и асиметричноста, ритмите во музиката на Колмен беа циркуларни и особено комплексно полуметрични кои го сочувуваа танцовиот карактер на популарниот фанк. Со својата долготрајна група Five Elements, Стив Колмен издаде дузина албуми, како што се легендарните “Rhytm people”, “Black Science”, “The Thao of Mad Phat”, а од поновиот период “Functional Arrhythmias”.