14 - 17 октомври 2020

en mk
17 октомври Национална опера и балет, 21:30 НОБ, 21:30

BELMONDO QUINTET

Купи билет

LIONEL BELMONDO тенор и сопран саксофон, флејта

STEPHANE BELMONDO труба, флигел хорна

LAURENT FICHELSON пијано

SYLVAIN ROMANO контрабас

TONY RABESON тапани

Има ли некој кој не ги познава браќата Белмондо? Стефан, со стилската возбудливост на Чет Бејкер и Фреди Хабард, еден од најлиричните трубачи во светот и најпочитуваните музичари од оваа страна на Атлантикот. Лајонел, саксофонистот кој ја обедини музиката на Лили Буланже и Јусеф Латиф, поврзувајќи ја спиритуалноста на Колтрејн со француските литургиски традиции. Повеќе од четврт век двајцата исклучителни музичари минуваа низ голем број музички авантури, бескомпромисно поддржувани од нивната група, од најблиските соработници. Денес, со сето искуство зад себе и верноста на своите принципи, тие храбро ја оживуваат легендата на квинтетот, вклучувајќи го овојпат во него и извонредниот пијанист Лорен Фикелсон. Браќата Белмондо имаат настапувано на сите најголеми светски џез фестивали и се здобија со сите најпрестижни награди. Нивниот дискогафски опус е огромен и ги вбројува и плочите снимени со великаните на џезот: Ди Ди Бриџвотер, Мишел Легранд, Гил Еванс, Стефан Грапели, Џеки Терасон, Јусеф Латиф, како и со големиот бразилски пејач и композитор Милтон Нашименто. Квинтетот Белмондо практично е ол-старс бенд со ретка спиритуална енергија која ќе ве потсети на Џон Колтрејн и ќе ве остави без здив.