19 – 22 октомври 2017

en mk
20 октомври Македонскa опера и балет, 22:00

DEE ALEXANDER

Купи билет

DEE ALEXANDER вокал

MIGUEL DE LA CERNA пијано

MIMI JONES бас

ERNIE ADAMS тапани

Ди Александер е една од најталентираните и најпочитуваните вокалистки од Чикаго и истовремено вистински бисер во недолгата листа на денес најдобрите џез-пејачки во светот. Нејзините таленти се протегаат на секој музички жанр, но сепак, срцето и душата на Александер во најчиста форма се отсликуваат во џез музиката. Во меките, сензуални балади но, и во динамичното „скет-дивеење“ Ди пее со импресивна вокална длабочина и експлозивна драматичност. Израсната во опкружување во кое најмногубројни биле плочите на Дајна Вашингтон, таа ги наведува Сара Вон и Ела Фицџералд како свои најголеми влијанија. Тука е и чикашкиот саксофонист Хенри Хаф, кој ја насочи на вистинскиот пат до совршенството во вокалната импровизација. Во својата кариера Ди Александер имаше плодна соработка со џез-елитата на Чикаго: Ремзи Луис, Орберт Дејвис, Никол Мичел, Ернест Докинс и многу други. Ди, исто така е и член на славната и значајната „Асоцијација за унапредување на креативните музичари“ (AACM). Покрај постојаната работа со својот квартет, таа го формира и Evolution Ensemble, акустичен состав со гудачки инструменти и перкашн. Албумот “Wild is The Wind” од 2009 година (посветен на Дајна Вашингтон, Нина Симон и Хенри Хаф) е нејзиното најдобро остварување, а мнозина го оценија и како едно од десетте најдобри изданија на џезот во првата декада на новиот милениум. Последниот проект на Ди, “Songs My Mother Loves”, наиде на одличен прием кај музичката критика. Проектот е посветен на нејзината мајка, но и на музиката која стана толку значајна во нејзиниот живот.