Новото, извонредно моќно, noise/funkrock/sound-art трио ABACAXI (ананас на португалски) поседува нежно срце и бодликава кожа. Оформена околу неверојатниот француски гитарист Џулиан Депре, оваа сосема нова инкарнација на класичната рок-постава гитара/бас/тапани претставува интензивна, наелектризирана и гласна звучна скулптура, обликувана од рок идиомот. Елементи на апстракција, ‘ржечка бучава и прог-рок во корелација со речиси танцовите гимнастички маневри на гитаристот при манипулирањето со низата подни контролни педали, вклучувајќи ги светлосните сценски ефекти. Триото создава високоенергична свежа музика исполнета со блескава бучава и остри рабови, збогатена со светлосна кореографија. Фронтменот Џулиан Депре успеал да изгради свој пристап кон гитарата, како да свири на клавијатури или на тапани. Тој степува на педалите, ангажирајќи го целото тело. И не се крие зад моќниот звук на својот инструмент. За него, гитарата претставува контролер што го користи за да флуктуира помеѓу контрастните нивоа на светлината и звукот, додека го истражува физичкиот и менталниот простор, правејќи го да лебди и да трепери во исто време. ABACAXI оставија исклучително силен впечаток при своето деби на Берлинскиот џез фестивал во 2019 година. Нивното прво издание „Mainstream Desire” следеше во март 2021 (Carton / Coax records). Abacaxi е несомнено еден од највозбудливите анти-жанровски и мултисетилни актуелни бендови наоколу.